Дејвид Гета со извајани стомачни на 53 години - ужива во љубовта со 29-годишната девојка
- Детали
- петок, 16 јули 2021
За легендарниот диџеј годините се само бројка и на 53 години има совршено извајано тело и девојка која е вистинска кубанска убавица.
Дејвид Гета (53) и неговата 29-годишна атрактивна девојка Џесика Ледон привлекуваат внимание каде и да се појават.
Џесика е совршена убавица со кубанско потекло, но и Гета воодушевува со изгледот. На 53 години тој може да се пофали со извајани стомачни мускули.
Инаку, парот обожава да патува заедно, но и да ги покажува емоциите на социјалните мрежи.
Според пишувањата на светски медиуми, парот е свршен, но не планира свадба затоа што познатиот диџеј повеќе не верува во бракот како институција. Тој наводно ѝ подарил на девојката накит што треба да симболизира свршенички прстен.
Згодниот Дејвид Гета и неговата уште поатрактивна девојка:
https://www.instagram.com/p/CLPpWJWD7vK/
С. С. | Црнобело