Деми Мур (58) со ќерка ѝ на плажа во Грција – двете во топ форма и покрај целулитот и вишокот кожа (фото)
- Детали
- четврток, 15 јули 2021
58-годишната Деми Мур и нејзината 32-годишна ќерка Румер Вилис уживаат во летните денови на Миконос, Грција, а од фотките е јасно дека и двете се во топ-форма и покрај малите недостатоци на кои не обрнуваат внимание.
Поранешната сопруга на Брус Вилис одбрала виолетово бикини, а косата ја собрала во плетенки. Очигледно, годините не ѝ можат ништо, бидејќи Деми изгледа беспрекорно.
Нормално, како и повеќето жени и таа има малку целулит и вишок кожа, но за неа тоа не претставува никаков проблем и гордо си го носи телото.
Ќерка ѝ пак, беше во посмело издание, со жолто танга бикини кое одлично ги нагласува нејзините облини, а очигледно и таа нема комплекси и гордо си ги носи на себе малите недостатоци.
Актерката и ќерка ѝ беа во друштво на пријателка, а со нив беа и нивните кучиња.
На Инстаграм Деми сподели и селфи на кое гордо покажува како изгледа во бикини, со опис:
„Се подготвувам за уште еден ден во рајот“.
И Румер не ја испушти можноста да се пофали за одморот на нејзиниот Инстаграм профил и досега има споделено неколку фотки со бикини, како и видео во кое танцува и скока во морето од јахта.
https://www.instagram.com/p/CRGsSeIljxb/
https://www.instagram.com/p/CROhm_9FkZb/
Деми Мур и таткото на Румер, Брус Вилис, се венчаа во 1987 година. Покрај Румер, тие имаат уште две ќерки – 29-годишната Скаут Вилис и 27-годишната Талула Вилис. Се разделија во 2000 година, но успеаја да останат навистина добри пријатели.
Тие не само што заедно се грижеа за нивните деца, туку неретко и до денес заедно минуваат празници и слични важни настани, без разлика што и двајцата си имале и други партнери.
Деми Мур и Румер Вилис на Миконос:
Спирова С. | Црнобело