Дејвид и Викторија Бекам се заедно 22 години и уште носат модно усогласени комбинации – како си ја честитаа годишнината?
- Детали
- понеделник, 05 јули 2021
Дејвид и Викторија Бекам се познати по складните модни комбинации, а за нивната 22-ра годишнина од бракот фудбалерот ѝ честиташе на саканата со интересна објава што го нагласува токму тоа – неколку фотки од нив на кои носат речиси идентична облека.
Дејвид и Викторија Бекам на 4-ти јули ја прославија 22-рата годишнина од бракот, а и двајцата објавија честитки на нивните Инстаграм профили.
Викторија сподели компилација од неколку видеа од нив направени низ годините со опис:
„Те сакам Дејвид, среќна годишнина“.
На видеото се гледаат снимки каде што Дејвид и Викторија танцуваат, се прегрнуваат, шетаат низ Дизниленд и се забавуваат со нивните деца.
Но, Дејвид дефинитивно се надмина себеси со честитката за Викторија. Во минатото, парот неретко се појавуваше во складни модни комбинации, а во објавата за годишнината, Дејвид го нагласува токму тоа.
46-годишниот поранешен фудбалер сподели неколку фотки од нив двајцата на кои носат исти комбинации:
„22 години подоцна, уште со усогласени комбинации. Среќна годишнина, те сакам многу и ти благодарам што ми ги даде нашите неверојатни деца за да можеме сите да носиме иста облека“.
На последната фотка од објавата со Дејвид и Викторија позираат и нивните четири деца, сите облечени во исти пижами.
Бракот на Дејвид и Викторија Бекам е еден од ретките во светот на славните кој го издржал тестот на времето, а денес двајцата изгледаат посреќно од кога било.
Низ годините се појавуваа секакви гласини за нив – од потенцијално неверство, до можност за развод, но парот секојпат докажува дека ова се само лаги.
„Цели 20 години луѓето смислуваат секакви работи за нашата врска. Но, ние двајцата сфаќаме дека заедно сме посилни отколку сами“, изјави Викторија во 2018 година.
„Ние сме силно семејство. Имаме силни родители. Израснати сме со вистинските вредности. Нормално, ќе направите грешка со текот на времето и сите знаеме дека понекогаш бракот е тежок. Но важно е што го надминуваме тоа. Се знаеме подобро од кој било друг. Останавме заедно бидејќи се сакаме, бидејќи имаме четири неверојатни деца“, изјави Дејвид пред неколку години.
Дејвид и Викторија се запознаа во 1997-ма, а веќе следната година споделија дека ќе се венчаат. Венчавката се одржа во 1999 година, а само неколку месеци претходно го добија најстариот син Бруклин Бекам.
Набрзо потоа, Викторија и Дејвид Бекам станаа најфотографираниот славен пар и токму тој период почнаа да се појавуваат во складни модни комбинации кои станаа препознатливи за нив.
Во 2002 година го добија вториот син Ромео, а во 2005-та им се роди синчето Круз. Во 2011-та ја добија и првата ќерка – Харпер Бекам.
Во продолжение погледнете уште неколку од фамозните модно усогласени комбинации на Дејвид и Викторија Бекам:
Спирова С. | Црнобело