„Срцето ми стана петпати поголемо“ - Најубавите изјави за родителството од познатите ѕвезди
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
„Жалам што мојата кариера ми одзема многу време. Убаво ќе беше да бев татко што седи дома и знаете да можев да бидам сведок на сè се случува“ - рече во една прилика поранешниот сопруг на Џеј Ло, Марк Ентони за своите 6 деца. Кои се најпознатите изјави што славните ги дале за родителството?
Голем број актери и пејачи се луѓе што имаат семејства и деца. Тие во повеќе наврати говореле за тоа како се снаоѓаат како родители, а кои се некои од нивните најубави и најпознати мисли што ги споделиле за родителството.
Во продолжение проследете неколку кратки изјави на познатите актери и музичари во кои тие даваат совети за родителството:
Вил Смит
Актерот што е познат по улогите во Man in Black и Bad Boys има три деца. Тој има свои методи во одгледување на децата, па така својата улога ја споредува со улогата на градинарот.
„Градинарот не се обидува да го претвори семето во тоа што тој сака да биде; градинарот се обидува да создаде средина каде семето може да биде она што сака да биде“ – рече тој во епизода на Red Table Talk во 2020 каде водителка беше токму неговата сопруга Џејда Пинкет Смит.
Мет Дејмон
Мет Дејмон е татко на 4 девојчиња, а во едно интервју говореше и за татковството, па за тоа како се чувствува како родител рече:
„Единствениот начин на којшто можам да го опишам – звучи глупаво, но – на крајот би се споредил себе си со Гринч во филмот „Како Гринч го украде Божик“. Знаете како неговото срце порасна пет пати? Така е, сè е полно; полно е цело време“.
Марк Ентони
Освен што е татко на близнаците Макс и Еме од бракот со Џенифер Лопез, пејачот има уште четири деца. Тој во 2016-тата година говореше за татковството па рече:
„Единствено жалам што мојата кариера ми одзема многу време. Убаво ќе беше да бев татко што седи дома и знаете да можев да бидам сведок на сè се случува.“
Хавиер Бардем
Хавиер Бардем има две деца со познатата актерка Пенелопе Круз, а тој даде интересна изјава во која рече:
„Ние не ги поседуваме нашите деца. Тие не се наши, туку ние сме им на услуга. Ние ги носиме на свет, а тие треба да одлучат што сакаат“.
Бред Пит
Битката за старателството над децата помеѓу Бред Пит и Анџелина Џоли беше топ тема во изминатиот период. Тој кога говореше за својата улога како татко на 6 деца од бракот со Анџелина во интервју рече:
„Татко ми отсекогаш сакаше да ми обезбеди подобар живот затоа што тој потекнуваше од мошне голема сиромаштија и успеа. Тоа ме тера да се замислам што е тоа што можам да им го понудам на моите деца, што е подобро од она што јас сум го имал?“
Џеј Зи
Џеј Зи и Бионсе заедно имаат 3 деца. Тој во интервју за The Sunday Times говореше за тоа што смета дека е најважно за децата.
„На детето најмногу му треба да се чувствува сакано … Сè додека вашето дете се чувствува сакано мислам дека се е возможно“.
Б. С. Б. | Црнобело