Кејт Хадсон ја истражува Грција и си игра карти на плажа (фото)
- Детали
- вторник, 22 јуни 2021
На припадниците на холивудската А-листа Грција им е омилена летна дестинација, па Кејт Хадсон е една од првите која ја посети годинава.
Холивудските ѕвезди ја обожаваат Грција како дестинација за одмор, па така Кејт Хадсон олабавувањето на мерките го искористи за одмор во Грција со нејзините најблиски.
42-годишната актерка беше фотографирана на плажа во Грција со нејзиниот 35-годишен сопруг, нејзините деца, пријатели, па дури и личниот тренер.
Таа опуштено играше карти и уживаше во вкусни закуски, a на фотографиите што ги сподели на нејзиниот Инстаграм профил фановите ѝ коментираа: „Ти си на најубавото место на планетата!“
Фотки на Кејт Хадсон од Грција:
Кејт Хадсон на плажа во Грција:
С. С. | Црнобело