Првиот брак му беше со Србинка, го помниме по улогата на Тарзан – Џо Лара и сопругата загинаа во авионска несреќа

Џо Лара, ѕвездата на филмот од 1996 година Tarzan: The Epic Adventures загина во авионска несреќа во саботата (29.05). Според извештаите во светските медиуми актерот загинал заедно со неговата сопруга Гвен Лара и уште пет други лица (меѓу кои и зетот на Гвен Лара).

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-01.jpg

Џо и неговата сопруга Гвен, заедно со уште 5 други лица, загинаа во авионската несреќа во близина на американскиот град Нешвил.

Малиот бизнис авион, што бил во нивна сопственост, се срушил во саботата околу 11:00 часот по локално време, непосредно по полетувањето.

Авионот се срушил во езерото Перси Прист, на околу 19 километри јужно од Нешвил.

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-06.jpg

Џо Лара, кој почина на возраст од 58 години, ќе остане запаметен како актер, музичар и бодибилдер.

Во тинејџерските години Лара играл американски фудбал и бил сметан за еден од најдобрите играчи во средношколската лига.

По завршувањето на образованието почнал да добива понуди за работа како модел, no сепак, својата кариера тој ја започнал во 1989 година кога се појавил во филмот Tarzan in Manhattan, а потоа и во ТВ сериите Tarzan: The Epic Adventures.

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-02.jpg

Покрај тоа, тој низ годините се појавува во повеќе други филмови и ТВ серии, како Steel Frontier, American Cyborg: Steel warrior, Armstrong, Warhead, In search of Tarzan with Johnathan Ross и The Magnificent Seven.

Од 2002-та година ја напушта актерската кариера, за во целост да ѝ се посвети на музиката. Во 2009-тата го објави албумот Joe Lara: Тhe cry of freedom.

Актерот има една ќерка oд првиот брак со српската актерка Наташа Павловиќ, со која беше заедно од 1984-та, но се разделија.

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-03.jpg

Во 2018-тата година стапил во брак со Гвен Шамблин Лара, која била авторка на христијански текстови и свештено лице.

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-04.jpg

Гвен е позната по тоа што е основач на програмата за диетата што се заснова на религија Weigh Down Workshop. Таа претходно била омажена за Дејвид Шамблин со кого имала две деца, а се развела во 2018-тата година. Таа зад себе остави седум внуци.

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-05.jpg

Prethodno-bil-vo-brak-so-srpska-akterka-kje-ostane-zapameten-po-ulogata-na-Tarzan-no-I-po-muzikata-koj-behse-jo-lara-07.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg