Кога не пеат или не глумат, некои ѕвезди се одлични уметници - кои се тие? (фото)
- Детали
- сабота, 05 јуни 2021
Дел од популарните актери и пејачи, покрај примарното занимање, се исклучително добри и во уметноста. Од дизајнирање керамика до сликарство, неверојатно е колку скриени таленти поседуваат дел од најпопуларните ѕвезди на денешницата.
Сет Роген е актер кој се занимава со дизајнирање керамика. За време на карантинот, тој дизајнираше цел комплет на вазни украсени со интересни форми и живописни бои.
Бритни Спирс се чини дека откри нов талент кај себеси на кој треба да му се посвети. Сликањето има очигледен терапевтски ефект врз неа. Покрај тоа што ја опушта, Бритни добро заработува и од сликарството. Робин Лич купил една од нејзините слики за дури 10.000 американски долари.
Принцот Чарлс очигледно не е само дел од кралското семејство и еко-активист. Тој исто така се занимава и со сликарство. Принцот Чарлс е еден од најпродаваните живи сликари во Велика Британија. Објавено e дека тој заработил близу 7 милиони долари од продажбата на неговите слики. Најчесто слика акварели со пејзажен мотив.
Холзи покрај музичката кариера започна да ја открива и својата уметничка жичка. Имено, таа се посветила на сликарството и мора да признаеме дека нејзините слики се многу интересни.
https://www.instagram.com/p/B8T_FvFJ_yi/?utm_source=ig_embed&ig_rid=fd3ab277-4a2f-41ad-a10b-bad241c017d7
Луси Лу слика веќе подолг временски период и минатата година имала своја изложба во Музејот на долината Напа во Калифорнија. Покрај глумата, Луси е и горда сликарка.
https://www.instagram.com/p/B8AsE1tA92t/?utm_source=ig_embed&ig_rid=3f9a9de1-d215-4b37-8118-61386214f59c
https://www.instagram.com/p/B9LC9-4grBA/
Џорџ Буш, поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, објави колекција од неговите слики со наслов „Портрети на храброст“ каде што прикажува мажи и жени повредени во војната.
(О)Милена | Црнобело