„Лошото момче“ од Евровизија ја размрда Европа: Бившите девојки и скандалите на Дамиано Давид (22) од Måneskin
- Детали
- вторник, 25 мај 2021
Скандалозен, но едновремено магичен за многу припаднички на спротивниот пол. Кој е Дамиано Давид, 22-годишното момче што со лак на ноктите, високи потпетици и скандалозно однесување ја освои Европа?
Водечкиот пејач на италијанскиот бенд Måneskin, Дамиано Давид (22), стана познат како „лошото момче од Евровизија“.
Од лакот на ноктите и високите потпетици на настапот до скандалозното однесување во бекстејџ и наводното консумирање на дрога, тој ги полни медиумите веќе извесен период по победата на Евровизија.
Но, по спроведената истрага од Европската унија за радиодифузија (ЕБУ) и тестирањето за дрога, се докажа дека Дамиано е чист и не консумирал кокаин на финалната ноќ, како што изгледаше на една од фотографиите и видеото од настанот.
„Дрога не се користело во Зелената соба на Евровизија 2021 и го сметаме случајот за затворен“, изјавија од ЕБУ.
Басистката на бендот Викториjа де Ангелис изјави: „Нѐ прави тажни затоа што се обидовме да пренесеме позитивна порака. Никогаш не сме користеле дрога и не сакаме да испратиме таква порака.“
Рок бендот, кој од свирење на улица стигна до победа на Евровизија на чело со Дамиано изјави: „Неверојатно е кога ќе погледнеме наназад на нашето патување. Комплетно сме исполнети. Не можеме да ви објасниме колку сме среќни. Сѐ што направивме би го направиле одново.“
Демиано Давид е роден на 8-ми јануари 1999 година во Рим, Италија и познат е како рок пејач, текстописец и инфлуенсер. Висок е 180 сантиметри и тежок 75 килограми. Роден е во традиционално христијанско семејство, но не открива многу детали за неговиот семеен живот.
Како изгледал Давид во младоста:
Шармантниот Дамиано кој го привлече вниманието на јавноста со скандалозното однесување, веќе 4 години е во љубовна врска со италијанскиот модел и инфлуенсерка Џорџа Солери (25), но парот ја откри врската само неколку седмици пред Евровизија со опис на фотката: „По 4 години заедно, можеме да кажеме, зарем не?“
Инаку пред тоа кружеа гласини за сексуалноста на Дамиано.
Тој ги збуни фановите и со бакнежите со членовите од бендот на Евровизија.
Инаку, во Италија извесен период се мислело дека се состанува со колешката од бендот Викторија затоа што објавувал постојано заеднички фотографии со неа.
Пред тоа се состанувал со црнокоса девојка по име Лукреција Петрака.
Членовите на бендот го напуштиле училиштето за да се концентрираат на музиката, а на италијанската јавност ѝ го привлекле вниманието за првпат на италијанското музичко натпреварување X-Factor. Дамиано уште тогаш при некои настапи се соблекувал на сцената и танцувал на шипка.
Бендот во Италија се соочил и со обвиненија за плагијатура на песната „Zitti e Buoni“ со која победија на Евровизија. Во март кога победија на престижниот San Remo и се квалификуваа за на Евровизија беа обвинети за големи сличности со италијанската песна F.D.T. од дуото Anthony Laszlo од 2015 година. Но, по техничките испитувања обвиненијата беа отфрлени.
Членовите на бендот Дамиано, Викторија и гитаристот Томас се запознале во училиште и го формирале бендот во 2015 година, додека четвртиот член Торхио го нашле преку Фејсбук објава.