Скандал на Евровизија: Победниците од Италија обвинети за консумирање на дрога во бекстејџот + нивната реакција
- Детали
- недела, 23 мај 2021
Социјалните мрежи се преполни со осудувачки коментари и луѓето сакаат да му се одзеде победата на италијанскиот бенд Måneskin поради наводното консумирање на дрога во зелената соба, уловено на камера.
Италијанскиот бенд Måneskin триумфираше на Евровизија 2021 година. Со 524 поени од жири и публика тие ѝ ја донесоа победата на својата земја.
Но, по победата на социјалните мрежи почна да кружи скриншот од преносот во живот од бекстејџот во Евровизија на кој изгледа како водечкиот вокал да консумира дрога.
Фото: BBC
Бендот се огласи по гласините дека се случувало такво нешто во зелената соба.
22-годишниот водач на групата Дамиано Давид на прес конференцијата по Евровизија изјави: „Јас не користам дрога. Томас од бендот скрши чаша со неговата нога, па му помагав да го среди хаосот. Не користам кокаин, престанете да го кажувате тоа“.
https://www.youtube.com/watch?v=-ZMNaqxDkPY
Фотки од бендот:
С. С. | Црнобело