Џорџ Клуни и уште 5 познати личности кои се откажаа од ѕвездата на холивудскиот Булевар на славните

Холивудскиот Булевар на славните го красат имињата на околу 2.700 славни личности и овде ќе ги најдете имињата на некои од најголемите ѕвезди. Мерилин Монро, Волт Дизни, Џони Деп, Кејт Бланшет – ова се само дел големите холивудски ѕвезди чии имиња завршиле на познатиот Булевар.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-01.jpg

За една личност да добие ѕвезда на Булеварот, најпрво треба да биде номинирана.

Потоа номинираната личност мора да достави доказ за нејзините професионални достигнувања, награди и слично, па со оваа апликација минува низ процес на селекција.

Ако личноста биде избрана, на крај мора да си ја плати ѕвездата – сума од 40.000 долари.

Иако на некој начин ѕвездата на Булеварот на славните е едно од најголемите достигнувања во кариерата во забавната индустрија, некои ѕвезди ја одбиле оваа почест.

Во продолжение погледнете кои:

Мадона

Во 1990 година Мадона доби понуда да се најде на Булеварот на славните. Дотогаш пејачката веќе го имаше освоено светот со нејзината музика. Но, таа одби, а за јавноста не изнесе некоја конкретна причина.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-02.jpg

Витни Хјустон

Витни Хјустон беше номинирана во 1995 година. Според правилата, штом некој ќе биде номиниран, мора да закаже церемонија за поставување на ѕвездата во рок од пет години. Но, тимот на Витни никогаш не го стори тоа и номинацијата „пропадна“.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-03.jpg

Џорџ Клуни

Слично како Витни, и Клуни не стигна да закаже церемонија. Актерот беше номиниран пред неколку години и најпрво со задоволство прифати, но не организираше церемонија и не доби ѕвезда на булеварот.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-04.jpg

Клинт Иствуд

Популарниот холивудски актер беше номиниран неколкупати, но секогаш одлучно ја одбиваше понудата. Наводно, комисијата која одлучува чие име ќе се најде на булеварот уште се надева дека Клинт ќе се премисли, па му чуваат место за неговата ѕвезда.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-05.jpg

Ал Пачино

Уште еден актер чија номинација пропадна бидејќи не закажа церемонија. Ал Пачино го помина процесот селекција и остана само да одбере датум за церемонијата. Но, неговиот тим не презема ништо и актерот никогаш не доби ѕвезда.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-06.jpg

Брус Спрингстин

Брус Спрингстин го помина процесот на селекција, закажа церемонија, но воопшто не се појави на закажаниот датум. Поради ова, комисијата воведе ново правило – ѕвездите мораат да го потврдат присуството на својата церемонија неколку месеци порано.

dzhordzh-kluni-i-ushte-5-poznati-lichnosti-koi-se-otkazhaa-od-dzvezdata-na-holivudskiot-bulevar-na-slavnite-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Бред Пит и Џорџ Клуни на вечера со саканите жени во Венеција – моќно пријателско дуо, без љубомората... Пријателското дуо Џорџ Клуни и Бред Пит се атракција во Венеција со секое нивно ...
16 ѕвезди кои изгледале „обично“ пред да станат славни (фото) Од Метју Меконахи, преку Џенифер Анистон, до Џон Леџенд и Бруно Марс - како изгл...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg