Стилски двобој: Ирина Шајк vs. Ники Минаж - Кога истиот фустан го носи скромна мајка и девојка желна за внимание
- Детали
- четврток, 20 мај 2021
Како и секогаш, Ирина Шајк изгледаше одлично на папарацо фотките направени на улиците низ Њујорк, а за прошетката со ќерката го одбрала истиот фустан што го носеше Ники Минаж на провокативните фотки објавени на нејзиниот Инстаграм профил неодамна.
35-годишната Ирина беше уловена од папараците со нејзината ќерка Леа со кежуал модна комбинација. Супермоделот носеше краток портокалов фустан со жолт дезен, а комбинација ја дополнила со црн мантил и црни чизмички.
Пред само неколку недели, Ники Минаж објави неколку провокативни фотки носејќи го истиот фустан. 38-годишната Ники, пак, го комбинирала фустанот со жолти сандали со висока потпетица и шарена чанта, како и големи впечатливи очила. Како и обично, на фотките во преден план беше нејзиниот задник.
Има разлика, нели?
Како што напоменавме, со Ирина беше и нејзината ќеркичка Леа, која изгледа го наследила добриот стил од мајка си. 4-годишното девојче носеше бела долга маичка со здолниште од чипка, во комбинација со црни чизмички и капче.
Спирова С. | Црнобело