„Чувствувам дека изгледам убаво“ - евровизиската претставничка на Малта е во топ 3 фаворити за победа
- Детали
- среда, 19 мај 2021
Според евровизиските прогнози Малта е во топ 3 земји со најголема шанса за победа, a претставничката на Малта навистина издоминира на евровизиската сцена – која е талентираната Destiny, која има само 18 години?
На првата полуфинална ноќ од Евровизија 2021 година, претставничката на Малта, Destiny Chukunyere, успеа да ѝ обезбеди пласман во финале на својата земја. Таа важи за еден од најголемите фаворити на годинешната Евровизија.
На сцената се појави во светкав стајлинг - разиграна и самоуверена. Моќниот вокал воопшто не е тема на дискусија, таа звучеше светски.
Destiny за смелиот стајлинг кој го носеше на евровизиската сцена вели:
„Се чувствувам самоуверено во него и тоа е тоа што е значајно. Чувствувам дека изгледам убаво. Па, многу сум среќна за стајлингот. Го избрав затоа што се чувствувам убаво во него и можам да се движам, да се тресам и да блескам.“
Токму тоа чувство очигледно направи Destiny да блесне како вистинска ѕвезда на евровизиската сцена.
„Се чувствувам како суперѕвезда. Многу, многу добро кога одам и танцувам и при секој потег. Ова е неверојатен момент за мене“, додаде таа.
Нејзината песна „Je Me Casse“ има и токму таква порака – охрабрување на жените и поттик да веруваат во себе.
„Сакам да им порачам на жените да знаат дека се убави, да ја знаат својата вредност. Мора да им е удобно во својата кожа и мислам дека не треба да дозволиме социјалните мрежи да ни влијаат затоа што ние сме убави. Само сакам да направам жените да се чувствуваат добро и да бидат позитивни во врска со себе и својот изглед“, вели претставничката на Малта.
Destiny има победено на детската Евровизија во 2015 година на 13-годишна возраст со песната „Not My Soul“.
Таа била дел од многу престижни манифестации и има постигнато завидни резултати на разни музички натпреварувања од типот на „Britain’s Got Talent“.
https://www.youtube.com/watch?v=YqG1pCzPBY8