Меган Маркл во ретко спортско издание со маичка, плус стара фотка на која ѝ оддава почит на Кејт Мидлтон
- Детали
- вторник, 18 мај 2021
Меган во шоуто на Опра изјави дека не знаела многу за британското кралско семејство, но осамна фотографија која е демант на тоа.
Меган Маркл (39) во 2014 година позирала со магазин на чија насловна страница е Кејт Мидлтон.
Во тоа време таа работела како актерка на серијата „Suits“ и тоа било 2 години пред да го запознае принцот Хари и 5 години пред Меган и Кејт Мидлтон да се скараат околу свадбената церемонија на Меган и Хари.
Оваа фотографија докажува дека не е баш вистина изјавата на Меган од шоуто на Опра каде вели дека пред да стапи во брак со Хари не знаела многу за британското кралско семејство.
Ирискиот „U Magazine“ ја покажува насмеаната Кејт, а пак Меган гордо позира со него во рака.
Инаку, периодов актуелна е емисијата „The Me You Can't See“ на чиј развој принцот Хари работел веќе две години и каде тој открива разни детали од својот живот. Поплаките од начинот на кој се однесувал татко му, принцот Чарлс, кон него во детството - одекнаа во светските медиуми.
Младиот принц во некои кадри изгледа како човек со скршено срце додека нараторот вели: „Третирањето на луѓето со почит е основа на сѐ“.
Во еден кадар од најавата се гледа и Меган Маркл облечена во кежуал издание. Таа носи бела спортска маичка со напис „Raising The Future“.
Фановите на кралското семејство се лути што Хари се осмелил јавно да ги обвини кралицата и принцот Чарлс дека не го третирале добро во детството.
Хари изјави и дека тој и Меган се преселиле во САД за да го прекинат кругот на генетска болка која ја искусил додека растел.
Прочитајте подетално за потегот на Хари - Принцот Хари повторно го напаѓа кралското семејство: „Не сакам да ги третирам моите деца како татко ми мене“
С. С. | Црнобело