Модно промашување: Дуа Липа во скандалозен аутфит со подвезици на BRIT Awards (фото)

На овогодишното доделување на BRIT Awards, кое се одржа на 11 мај во Лондон, Дуа Липа ѝ оддаде почит на починатата Ејми Вајнхаус, со жолт фустан и подвезици, но и со фриузрата препознтлива за Ејми. Церемонијата, пак, беше прв музички настан на затворено после повеќе од една година, а присутните мораа да следат многу правила и мерки.

modno-promashuvanje-dua-lipa-vo-skandalozen-autfit-so-podvezici-na-brit-awards-foto-01.jpg

Церемонијата за доделувањето беше првиот поголем музички настан на затворено во Англија после повеќе од цела година, а иако дел од ѕвездите се вклучуваа онлајн и нивните настапи беа снимени претходно, некои од нив присуствуваа во живо.

Една од нив беше и Дуа Липа која реши да ѝ оддаде почит на Ејми Вајнхаус, која почина во 2011 година, со малку чудна комбинација.

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-02.jpg

На црвениот тепих Дуа се појави со жолт, краток фустан, а комбинацијата ја дополнила со подвезици и високи потпетици на платформа.

Наводно, фустанот е инспириран од жолтиот фустан што го носеше Ејми на доделувањето на наградите во 2007 година. Исто така, и фризурата на Дуа беше инспирирана од препознатливата голема фризура на Ејми.

Иако фановите не се воодушевени од комбинацијата на пејачката и ја сметаат за модно промашување, голем дел од светски познатите медиуми ја прогласија за една од најдобро облечените ѕвезди на настанот.

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-11.jpg

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-03.jpg

Дуа Липа настапуваше на доделувањето, а беше номинирана во три категории и победи во две, вклучувајќи и најдобар женски соло артист.

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-12.jpg

Како што напоменавме, на доделувањето познатите музичари се вклучуваа во живо, а дел од нив беа присутни на самиот настан. Бројот на публиката беше ограничен на 4.500 луѓе, а 2.500 влезници им беа доделени на работници кои работеле во текот на целата пандемија. За споредба, обично на BRIT Awards има публика од околу 20.000 луѓе.

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-05.jpg

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-06.jpg

Сите присутни, и славните и „останатите гости, пред да влезат на настанот мораа да приложат негативен тест. Истовремено, сите присутни беа тестирани, а наводно ќе бидат тестирани уште еднаш околу пет дена после церемонијата.

Слично како и на Оскарите, фотографите и новинарите држеа растојание од ѕвездите на црвениот тепих, а масите на коишто седеа музичарите беа на големо растојание.

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-07.jpg

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-08.jpg

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-04.jpg

dua-lipa-oddade-pochit-na-ejmi-vajnhaus-so-chudna-kombinacija-so-podvezici-kako-izgledashe-atmosferata-na-brit-awards-foto-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најубавите парови на доделувањето на Еми награди 2024 (фото) Кортни Кардашијан и Тревис Баркер споделија страстен бакнеж пред камерите, а Сел...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg