Омилениот холивудски пар Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс за првпат фотографиран со најмалото детенце од трите
- Детали
- понеделник, 10 мај 2021
По раѓањето на третата ќерка Блејк јавно говореше околу притисокот што нејзиното тело не се совпаѓа со „идеалите“ на модните креатори. Актерката е сосема обична, природна и приземјена жена, па не е ни чудно што со Рајан се омилен холивудски пар на многумина.
Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс се еден од омилените холивудски парови во Холивуд. Природни се, постојано се шегуваат на сметка на другиот и имаат три прекрасни дечиња.
Сега, 33-годишната актерка беше фотографирана за првпат со најмалото дете, ќеркичката Бети. Пред пекарница во Њујорк, Блејк ја на себе ја носи малата Бети, додека за рака ја држи 4-годишната ќерка Инес. По нив одеше 44-годишниот Рајан.
Блејк во тренерки и со капче на себе очигледно не сака да го привлекува вниманието на јавноста додека се шета со своите најмили.
Парот стапи во брак во 2012 година. Имаат три деца, а на фотографиите недостига само нивната најстара ќерка Џејмс која има 6 години.
Блејк по раѓањето на најмалата ќерка Бети во октомври 2019 година, отворено говореше колку се чувствува несигурно околу изгледот на своето тело и како не ѝ прилегаат креациите од модните дизајнери.
Фотки од прекрасното семејство:
С. С. | Црнобело