Џеф и Мекензи Безос – 38 милијарди: Најскапите разводи на јавните личности
- Детали
- недела, 09 мај 2021
Кога еден пар има богатство што тежи неколку милиони, а не направил предбрачен договор, јасно е дека разводот може да чини многу - некогаш и по неколку милијарди долари.
Обично побогатиот партнер мора да исплати огромна сума на поранешниот сопружник од разни причини или, ако се утврди дека станува збор за заедничко богатство, обично го делат на половина.
Моментно јавноста чека информации за тоа колку ќе чини разводот на Бил и Мелинда Гејтс. Денес познатиот милијардер има околу 130 милијарди долари, а бидејќи со Мелинда не направиле предбрачен договор, експертите претпоставуваат дека ќе го делат богатството на половина. Ако тоа е вистина, нивниот развод ќе биде еден од најскапите во модерната историја.
Во продолжение, пак, погледнете кои се најскапите разводи на јавните личности досега:
Кевин Костнер и Синди Силва – 80 милиони долари
Оскаровецот Кевин Костнер и актерката Синди Силва беа во брак околу 16 години, пред да се одлучат за развод.
Според гласините, Синди не го поднесувала фактот што Кевин постојано гледал во други жени. Исто така, некои извори тврдат дека актерката му забранила на Кевин да прифаќа улоги каде што ќе мора да глуми секс сцени или сцени со бакнување. Очигледно, актерот ја избра својата кариера, а разводот во 1994 година чинеше околу 80 милиони долари.
Харисон Форд и Мелиса Матисон – од 85 милиони до 118 милиони долари
Харисон и Мелиса се запознаа на сетот на Apocalypse Now во 1979 година, а стапија во брак четири години подоцна.
По гласините за неверството на актерот, во 2000 година славниот пар се раздели. Иако се обидуваа да го спасат бракот, сепак се разведоа, а се претпоставува дека разводот чинел помеѓу 85 милиони и 118 милиони долари.
Анџелина Џоли и Бред Пит – 100 милиони долари
Иако Бред и Анџелина се разведоа, славниот пар уште води судска битка за старателство, но и за обвинувањата дека актерот бил насилен. Наводно, тие потрошија 1 милиони само за адвокати, а целиот развод ги чинеше околу 100 милиони долари. Во оваа сума не се вклучени трошоците за судењата после разводот.
Стивен Спилберг и Ејми Ирвинг – 100 милиони долари
Познатиот режисер и актерката Ејми се запознаа на аудицијата на Close Encounters of the Third Kind во 1985 година, а се разведоа во 1989 година. Иако имале предбрачен договор, изворите тврдат дека тоа не бил никаков официјален документ, па судиите не го прифатиле. Поради ова, режисерот ѝ исплати 100 милиони на Ејми.
Тајгер Вудс и Елин Нордегрен – 110 милиони долари
Тајгер и Елин беа заедно шест години, а се разделија во 2010 година, наводно поради многуте афери на познатиот бејзбол играч. Ситуацијата ескалира кога Елин го избркала Тајгер од дома со бејзбол палка.
Наводно, бејзбол играчот ѝ исплатил 110 милиони на Елин.