„Ми кажа дека е сингл“ – 23-годишна девојка тврди дека Тристан повторно ја изневерил Клои Кардашијан
- Детали
- вторник, 27 април 2021
Момчето на Клои Кардашијан, Тристан Томпсон, повторно беше обвинет дека ја изневерувал Клои. Овојпат 23-годишна девојка тврди дека се гледала со него на почетокот од годината. Не е првпат Тристан да ја изневери Клои, па многумина се сигурни дека жената сепак не кажува лаги.
Деновиве беше објавено видео од Hollywood Unlocked, на кое се гледаат група девојки кои зборуваат за Тристан Томпсон. Една од нив, Сидни, тврди дека во јануари годинава имала односи со Тристан, но наводно бидејќи тој ѝ кажал дека е сингл.
„Не знаев дека е во врска. Ми кажа дека повеќе не е во врска“, изјавува девојката во видеото.
Според неа, таа и Тристан излегле заедно неколкупати, но кога дознала дека тој е во врска, веднаш ја прекинала аферата.
Сидни има 23 години и е Инстаграм инфлуенсерка со над 20.000 следбеници.
Клои и Тристан уште се немаат огласено во врска со новите гласини за неверство.
Во март годинава, Клои Кардашијан потврди дека ѝ дава уште една шанса на врската со Тристан. Но, изгледа и овојпат Тристан ќе продолжи со неверствата.
Парот се запозна во 2016-та, а Клои остана бремена една година подоцна. Додека уште беше бремена, онлајн се појави видео на кое Тристан бакнува друга жена. Во 2018-та Клои се породи и тогаш првпат прозборе за неверството:
„Без разлика што ми направи Тристан, никогаш немаше да го расипам тој момент (породувањето) ни за Тру, ни за него. Тру не треба да биде казнета за неговите постапки“.
Во 2019-та нештата само се влошија, кога се дозна дека Тристан имал афера со најдобрата пријателка на Кајли Џенер.
Тогаш Клои и Тристан дефинитивно се разделија, но сега ѝ даваат уште една шанса на врската. Останува да видиме дали и овојпат неверството на Тристан ќе биде причина за разделба.
Спирова С. | Црнобело