„Нашата ќеркичка имаше операција“ - Џанлука Ваки и Шерон Фонсека со емотивно видео од болница
- Детали
- петок, 16 април 2021
„Оваа седмица нашата ќеркичка имаше операција на расцепот на устата (вродена аномалија). За нас ова беше многу предизвикувачка и емотивна седмица...“
Џанлука Ваки кратко по раѓањето на неговата ќерка Блу Јерузалема отворено проговори каква вродена аномалија има таа. Заедно со сопругата говореа за расцепот на нејзината уста со цел да ја поткренат свеста на оваа тема.
„Ова се случува кај 1 од 700 бебиња...“, кажа тој тогаш.
Сега парот откри дека ја направиле операцијата на својата малечка.
Шерон Фонсека објави видео од болница, а пак Џанлука Ваки фотографија со малата Јерузалема од болница.
Џанлука Ваки во описот на фотографијата напиша:
„Оваа седмица нашата ќеркичка имаше операција на расцепот на устата (вродена аномалија). За нас ова беше многу предизвикувачка и емотивна седмица, а можете да замислите за неа... Фактот што нашето мало бебе требаше да мине низ нешто така сериозно како операција го раздрма целиот наш свет како родители.
Нашиот ангел не престанува да нѐ воодушевува. Таа беше многу храбра, смирена и слатка за време на целиот процес и тоа ме прави горд што сум нејзин татко.
Со солзи во очите, ви кажувам дека моето срце е со сите родители кои минуваат низ некој здравствен предизвик со нивните бебиња. Се надеваме дека ќе минете добро.
Ние сега сме дома. Многу сме благодарни и благословени!“
Повеќе фотки од парот:
С. С. | Црнобело