Машин Ган Кели со необична бизнис идеја – ќе прави унисекс лакови за нокти наменети и за мажи
- Детали
- петок, 16 април 2021
Новото момче на Меган Фокс, Машин Ган Кели, кој е познат по ексцентричниот стил и честото користење лак за нокти, објави дека работи на своја линија лакови за нокти кои според него ќе бидат унисекс, односно ќе бидат наменети и за жени, и за мажи.
Машин Ган Кели отсекогаш привлекувал внимание со ексцентричниот изглед, а добро познат факт за него е и дека сака да користи лакови за нокти.
Додека за повеќето луѓе лакираните нокти се женски детаљ, познатиот музичар смета дека ова е погрешно и дека наскоро сите мажи ќе сакаат да користат лакови за нокти.
Поради тоа, во соработка со американски бренд, тој почна да работи на своја линија лакови за нокти кои ќе бидат рекламирани како унисекс, односно и за жени, но и за мажи.
Деновиве компанијата даде и изјава за новата соработка:
„Почестени сме што ќе соработуваме со Машин Ган Кели и ќе имаме ретка можност да изградиме бренд кој ќе направи промена која знаеме дека е неизбежна“.
Сè уште не е познато во какви нијанси ќе бидат достапни лаковите на музичарот, а наводно продажбата ќе почне оваа есен.
Што мислите вие за необичната идеја на познатиот музичар? Дали има потреба од „машки“ лак за нокти, со оглед на тоа што секој лак за нокти може да биде користен од секого?
Спирова С. | Црнобело