Видео кое докажува колку беа блиски принцовите Вилијам и Хари, а сега едвај зборуваат
- Детали
- петок, 09 април 2021
По шоуто на Опра, принцот Хари разговарал со принцот Вилијам, но за жал нивната телефонска комуникација била „непродуктивна“... Браќата веќе извесен период не можат да ги средат заладените односи.
Во новиот документарен филм „The Day Will and Kate Got Married“, по повод 10-годишнината од бракот на Вилијм и Кејт, има сцена каде принцот Вилијам и принцот Хари се смешкаат, изгледаат безгрижно и како браќа кои се сакаат најмногу на свет.
Токму оваа сцена растажи многу фанови на британското кралско семејство ширум светот. Им врати спомени од минатото кога браќата беа многу блиски и си беа огромна поддршка еден на друг.
За жал, сега тие едвај зборуваат. Во шоуто на Опра принцот Хари кажа дека односите со Вилијам им се заладени и дека едвај комуницираат.
Во ставот на Хари се гледаше носталгијата по времето кога постариот брат му беше најголема поддршка во сѐ. Очигледно е дека Вилијам е лут на изборот на Хари да го напушти кралското семејство заедно со Меган Маркл.
Погледнете го видеото од пред 10 години каде браќата одат заедно кон олтарот, за Вилијам да стапи во брак со Кејт Мидлтон:
С. С. | Црнобело