Минијатурно гратче во дворот – Што сѐ прави Ким Кардашијан за децата по разделбата со Канје?
- Детали
- четврток, 25 март 2021
Децата на Ким Кардашијан дефинитивно го живеат животот до соништата. Покрај брендираната облека, за која многумина сметаат дека е претерување, скапите одмори и собата во домот наменета само за играње, сега Ким на своите деца им направила и минијатурно гратче во дворот.
Во дворот на куќата каде што живее со четирите деца после разделбата со Канје, Ким Кардашијан направила минијатурно гратче „опремено“ со ресторан, замок од Lego коцки, па дури и продавница од нејзиниот бренд.
Ким уште нема откриено што ја инспирирало да го направи овој амбициозен проект, но се претпоставува дека е можеби за прославата на велигденските празници. Според некои извори, Ким сака да го направи овој Велигден навистина посебен за своите деца, најмногу поради разделбата од нивниот татко – Канје Вест.
Од фотките споделени од светските медиуми се гледа дека гратчето има и име, Lil' Hidden Hills, а Ким обрнала внимание на сите детали – на влезот има дури и мала рампа.
Малото гратче има и Starbucks, пожарникарна станица, неколку улични светилки, како и мал банкомат. Според фотките, Ким гради и нешто друго во дворот, па можеби минијатурното гратче ќе биде многу поголем проект.
Иако уште не се официјално разведени, Ким веќе поднесе барање за развод и со Канје живеат одвоено подолго време.
Според изворите, Канје не ги посетува децата во куќата на Ким, туку организираат средби на друго место. Наводно, Канје сака да биде дел од нивниот живот, а Ким нема никаква намера да го спречи во тоа.
Претходно, Ким неколкупати ја има покажано и собата за играње на нејзините деца.
Внатре има безброј играчки, лизгалка, сет тапани, минијатурен клавир, боички, книги – буквално сè што би посакало едно дете.
Спирова С. | Црнобело