Заврши со кошаркарската кариера, ја чува врската во приватност – Што прави Крис Хамфрис, поранешниот сопруг на Ким Кардашијан?
- Детали
- петок, 05 март 2021
Помина повеќе од една деценија откако Ким Кардашијан и Крис Хамфрис започнаа да се состануваат, откако се запознаа во декември 2010 година.
Само 5 месеци откако започна нивната романтична врска, двојката се сврши и направи луксузна венчавка во август 2011 година. Ким носеше невестински фустан кој го креираше Вера Ванг, а церемонијата чинеше неверојатни 6 милиони долари.
Сепак, љубовта беше краткотрајна и недоволна. По само 72 дена, Ким поднесе барање за развод од кошаркарската ѕвезда, кој тогаш играше за тимот на New Jersey Nets.
Целиот процес од тој временски период беше документиран во реалното ТВ шоу Keeping Up With the Kardashians.
Но, што се случи со вториот сопруг на Ким Кардашијан? Каде е Крис Хамфрис денес?
36-годишната поранешна НБА ѕвезда играше цели 13 сезони во лигата и со сите договори и спонзорства, Хамфрис заработи околу 35 милиони долари.
По пензионирањето од кошаркарските терени во 2019 година, Хамфрис стана агент за недвижнини во Минесота.
Исто така стана и партнер во франшизата Crisp & Green, синџир на ресторани за здрава храна како и синџирот за бургери – Five Guys burger joints.
„Околу една година бев во прилично мрачно место. Не сакав да го напуштам домот. Се чувствував како целиот свет да ме мрази, но дури и луѓето не знаат зошто. Тие воопшто и не те познаваат. Само го препознаваат твојот лик и веќе се против тебе.
Не сакав да бидам Крис Хамфрис. Тоа е најлудото чувство на светот, да не сакаш да бидеш оној што си. Не сакав ниту да кажам нешто во своја одбрана, бидејќи се чинеше дека не можам да победам. Никогаш не сакав ништо од тоа. Целиот свој живот сакав да бидам запаметен само како добар спортист“ - има изјавено Крис.
Се чини дека Хамфрис добро ја научил лекцијата и го чува својот љубовен живот само за себе. Тој ретко може да се забележи со својата девојка, Инстаграм моделот Најлин Ешли.
(О)Милена | Црнобело