Емили Ратајковски откри повеќе од што треба – позира целосно гола со трудничкиот стомак
- Детали
- среда, 03 март 2021
Емили Ратајковски и нејзиниот сопруг Себастијан го очекуваат првото дете, а познатиот супермодел во текот на целата бременост редовно споделува фотографии со трудничкото стомаче.
Сега 29-годишниот модел сподели неколку фотографии на кои е целосно гола, а во прв план е нејзиниот труднички стомак, но и задникот. На дел од фотографиите Емили не носи никаква облека, а градите ги покрива со рацете.
ТУКА можете да ја погледнете нејзината оригинална објава.
На друга објава моделот лежи во када со вода, повторно покривајќи ги градите со раката. Слична фотографија направила и во спалната соба, но овојпат носи сиви тренерки, а објави и уште неколку фотки на кои носи и сако.
Пред да ги објави фотографиите, Емили најави дека ќе издаде книга со есеи насловена My Body (Моето тело), со која вели дека ги истражува феминизмот, сексуалноста и односот на моќните мажи кон жените.
Неодамна моделот сподели и дека никогаш не сакала да биде славна:
„Манекенството беше одличен начин да заработам пари и да добијам некаква стабилност, славата доаѓаше со тоа и беше навистина бизарно. Славата никогаш не била нешто што го очекував или сакав – иако, веројатно секое 20-годишно девојче длабоко во себе барем малку посакува да биде славно“.
Спирова С. | Црнобело