„Сега се многу големи!“ - Бритни Спирс објави ретка фотографија од синовите Џејден (14) и Шон Престон (15)

Бритни Спирс сподели ретка фотографија од нејзините синови Џејден Џејмс и Шон Престон, а во описот на објавата зборува за мајчинството. Пејачката го дели старателството со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, а изворите тврдат дека е во одлични односи со нејзините деца.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston01.jpg

Бритни Спирс објави фотографија на Иснтаграм од неа и нејзините синови Џејден Џејмс и Шон Престон. Познатата пејачка речиси и да не споделува фотографии од децата, па ова беше вистинско изненадување за фановите.

„Лудо е колку брзо лета времето… Сега моите момчиња се многу големи! Знам… знам… тешко е за секоја мајка, особено за мајка која гледа колку брзо ѝ растат синовите! Премногу сум среќна бидејќи моите момчиња се вистински џентлмени и толку се добри, што сигурно сум направила нешто правилно!

Немам објавено фотографии од нив подолго време бидејќи тие се на возраст кога самите сакаат да го искажуваат својот идентитет, а јас целосно го разбирам тоа. Нo, си дадов дозвола да ги средам овие фотографии, а тие ми дозволија да ги објавам! Сега повеќе не се чувствувам отфрлено и ќе прославам… Ох, мислам дека кул мајките не го прават тоа… Во ред, тогаш ќе читам книга!“ – пишува во описот на објавата.

View this post on Instagram

A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears)

Шон Престон има 15 години, а Џејден 14, и пејачката ги роди додека беше во брак со Кевин Федерлајн. Моментално тие го делат старателството, односно децата се со Кевин 70% од времето, а со Бритни 30% од времето.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-05.jpg

По разделбата со Кевин во 2007-ма, Бритни го изгуби старателството. Тогаш, судот му додели целосно старателство на Кевин, најмногу поради лошата ментална состојба на пејачката.

Од 2019-та, Бритни има право да ги гледа децата 30% од времето, без надзор. Претходно, таа можеше да ги гледа децата, но секогаш во придружба на „експерт“ кој ја набљудувал нејзината интеракција со синовите.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-06.jpg

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-07.jpg

И покрај сите пречки, изворите тврдат дека децата се восхитени од нивната мајка.

„Тие немаат ништо против Бритни – ја сакаат и ѝ се восхитуваат, а Кевин ѝ верува. Сега се гледаат поретко бидејќи тие пораснаа, па кога не се дома со Кевин, обично се излезени со пријатели. Поголемиот дел од времето го минуваат во домот на татко им и Бритни некогаш ги посетува“.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-03.jpg

Според изворите, Џејден и Шон Престон се обични момчиња кои сакаат да спортуваат и да излегуваат со пријателите, но и да ја видат мајка им среќна. Наводно, тие се запознаени со движењето FreeBritney и не го сакаат нивниот дедо Џејми Спирс.

Ова го докажува и настанот од март минатата година, кога Џејден објави Инстаграм Стори на кое кажа навредливи зборови за неговиот дедо и го нарече кретен.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-08.jpg

Моментално пејачката се обидува да се ослободи од контролата на татко ѝ, кој управува со нејзините финансии, а огромен број фанови ја поддржуваат во тоа.

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-02.jpg

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-04.jpg

 sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-09.jpg

 sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-10.jpg

sega-se-mnogu-golemi-britni-spirs-objavi-retka-fotografija-od-sinovite-dzhejden-i-shon-preston-11.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Први фотки од таткото на Бритни откако му ја ампутираа ногата – Пејачката не сака да му прости (фото... Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg