Кајли и бившиот Тревис Скот го поминаа Денот на вљубените на плажа, заедно со ќеркичката (фото)
- Детали
- среда, 17 февруари 2021
Кајли Џенер и Тревис Скот ја претворија прославата за Денот на вљубените во семејна дружба, и го поминаа денот на плажа во Калифорнија, заедно со нивната ќерка Сторми.
23-годишната ријалити ѕвезда и нејзиниот поранешен партнер Тревис го помина Денот на вљубените на плажа во Калифорнија. Со нив беше и 3-годишната Сторми, која беше облечена во духот на празникот, со црвен блузон.
Додека малата Сторми си играше боса во песокот, нејзиниот татко Тревис внимателно одеше по неа, носејќи ѝ ги патиките. Извесно време, на парот му се придружи и маж со мало девојче. Додека Сторми си играше со него, Кајли ги фотографираше.
Кајли Џенер беше во лежерно издание, со широки фармерки, црна јакна и бели патики, а косата ѝ беше пуштена. И Тревис одбрал слична комбинација – црни фармерки, блузон и патики.
Подоцна Кајли и Сторми имаа вечера во нивниот дом, а Кајли сподели и неколку сториња. Не е познато дали и Тревис бил со нив.
Првите гласини за врската на Кајли и Тревис се појавија во 2017-та година, а неколку месеци подоцна тие изјавија дека се пар. Подоцна истата година јавноста дозна дека Кајли и Тревис го очекуваат нивното прво дете, но младата богаташка беше дискретна во врска со бременоста и не споделуваше фотки.
Во февруари 2018-та парот ја доби малата Сторми, а веќе следната година се расчу дека се разделиле но станале во добри односи поради Сторми. Иако тие не се заедно, според извори блиски до нив, Кајли и Тревис сè уште се вљубени еден во друг.
„Можете да препознаете дека кога се заедно, има многу љубов. На двајцата им огреваат лицата кога се заедно и изгледаат многу среќно“, вели изворот.
Спирова С. | Црнобело