Џорџина позира во скијачко одело, Кристијано Роналдо слави 36-ти роденден и 20 години кариера (фото)

Минатата недела познатиот фудбалер го прослави 36-иот роденден во домашна атмосфера, а потоа со Џорџина отидоа на скијање,па 27-годишниот модел не ја испушти можноста да направи цела фотосесија на снегот.

dzhordzhina-pozira-na-skijachki-centar-kristijano-ronaldo-slavi-36-ti-rodenden-i-20-godini-kariera-foto01.jpg

Кристијано Роналдо наполни 36 години и годинава ја обележува и 20-тата годишнина од кариерата, а на Инстаграм објави фотка од прославата во домашната атмосфера.

„Имам 36 години, не ми се верува! Се чувствувам како сè да започна вчера, но ова патување веќе е исполнето со авантури и приказни по кои ќе го помнам. Мојата прва топка, мојот прв тим, мојот прв гол… Времето лета!“, пишува во објавата.

Потоа фудбалерот вели дека во текот на кариерата секогаш го давал најдоброто од себе, а притоа им се заблагодарува на фановите за целата поддршка.

„Како што го славам 36-иот роденден и 20-тата годишнина од кариерата, не можам да ви ветам дека ќе бидам активен уште 20 години. Но, можам да ви ветам дека сè додека играм, ќе давам 100%.

Уште еднаш ви благодарам за поддршката и сите добри пораки на овој ден. Многу ми значат и сите вие имате посебно место во моето срце“, завршува објавата на фудбалерот.

View this post on Instagram

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)

После роденденот, Кристијано и Џорџина заминаа на зимување во Торино, Италија, а 27-годишниот модел сподели неколку романтични фотки со фудбалерот на снегот, а не ја испушти можноста да направи и фотосесија во тесно скијачко одело.

Претходно, за роденденот на Џорџина, парот повторно беше во Торино, Италија, но бидејќи ги прекршија мерките, ги избришаа сите објави.

Џорџина и Кристијано на зимување во Торино:

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Милионерот Џанлука Ваки ја изненади свршеницата за роденденот - Бели рози на полноќ за саканата „Кога двајца луѓе првпат ќе се сретнат, тие се избираат еден со друг во првите 3...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Проколнати европски принцези: Љубовни афери, сообраќајки, болести Кралските семејства секогаш биле фасцинантни за јавноста - нивниот животен стил,...
Славни личности кои трагично го изгубија животот пред 30-тиот роденден Курт Кобејн имаше само 27 години кога си го одзеде животот поради проблемите со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg