Кортни Кардашијан обожаваше помлади момци, но сега е во врска со 4 години постариот тапанар на Blink-182 (фото)
- Детали
- петок, 12 февруари 2021
Кортни во изминатите години постојано ја поврзуваа со драстично помлади момци од неа, но сега е во врска со 45-годишниот тапанар од бендот Blink-182, беа фотографирани на вечера во Лос Анџелес.
Кортни Кардашијан (41) беше во врска со 14 години помладиот Јунес Бенџима, па имаше кратки љубовни авантури со 19 години помладиот Лука Сабат и со младиот Дејвид Дурон, но новиот дечко на ријалити ѕвездата е 4 години постар од неа.
Јунес Бенџима
Лука Сабат
Дејвид Дурон
Станува збор за тапанарот Тревис Баркер (45) со кого Кортни беше фотографирана на вечера во Лос Анџелес.
Тревис, кој е познат како тапанар во бендот Blink-182, носеше кожена јакна за оваа пригода, а на неговото тело се забележуваа големиот број на тетоважи.
Инаку, Кортни има 3 деца со Скот Дисик, со кого се смируваше неколкупати, но последен пат се разделија во 2015 година. Нивниот драматичен однос започна од 2006 година.
Во меѓувреме Скот се состануваше со Софија Ричи, ќерката на Лајонел Ричи, која имаше само 19 години кога почнаа да се гледаат, а таа за време на врската со Скот дури одеше на заеднички патувања со Кортни и децата.
Одат на одмори со неговата бивша, 15 години е постар: Факти за врската на Скот Дисик и Софија Ричи
Фотки од новото момче на Кортни:
С. С. | Црнобело