Милионски донации, добротворни концерти – 9 подвизи со кои Ријана го направи светот подобро место за живеење
Донираше 2 милиони за жртвите на домашно насилство
Во април минатата година, основачот на Твитер, Џек Дорси донираше 2,1 милиони долари за жртвите на семејно насилство за време на пандемијата.
Тогаш Ријана одлучи да го направи истото, па ја донираше истата сума.
Фондацијата Believe
На само 18-годишна возраст, Ријана ја основаше фондацијата Believe со која им помага на децата со смртоносни болести.
Во склоп на фондацијата, пејачката одржа и неколку добротворни концерти, кои беа бесплатни за јавноста, а парите од спонзорите ги донираше за лекови, школски прибор и играчки за деца од сиромашни семејства.
Донираше 5 милиони долари за борбата против корона вирусот
Ријана донираше 5 милиони долари за борбата против пандемијата, а за здравствените работници од Њујорк донираше и заштитна опрема.
Ги инспирира фановите да го засакаат своето тело
Ријана сака сите да си го сакаат своето тело, а тоа го докажа и со модната ревија на нејзиниот бренд Savage x Fenty. На ревијата имаше модели со секаков тип на тело, а едни од најзначајните гости беа Лизо и Парис Хилтон.
И на нејзината онлајн продавница има фотографии од модели со различен тип на тело, вклучувајќи и плус-сајз мажи - нешто што е вистинска реткост.
Таа е амбасадор на Глобалното здружение за образование
Глобалното здружение за образование (GPE) има за цел да ги подобри образование системи на државите во развој. Ријана е еден од амбасадорите на здружението и се бори да направи позитивна промена во сиромашните држави.
Спирова C. | Црнобело