Милионски донации, добротворни концерти – 9 подвизи со кои Ријана го направи светот подобро место за живеење
- Детали
- недела, 14 февруари 2021
Ријана е најпозната по нејзината музика, а изминативе неколку години и брендот за убавина и долна облека, но пејачката дефинитивно заслужува признание и за нејзината добротворна работа.
Ријана ја започна кариерата во музичката индустрија, а денес најмногу се фокусира на нејзиниот бренд за продукти за убавина, како и долна облека.
Но, познатата пејачка обрнува многу внимание и на проблемите во светот и донира голем дел од богатството за да помогне во нивното решавање.
Од непрофитни организации и донирање милионски суми, па сè до одржување добротворни концерти, погледнете што сè има направено Ријана за светот:
Ја основаше фондацијата Clara Lionel
Ријана ја основа фондацијата Clara Lionel Foundation (CLF), чија цел е да го подобри образованието, но и генерално животот на луѓето ширум светот, особено оние од сиромашните земји.
Фондацијата е крстена по нејзините баба и дедо – Клара и Лајонел. Благодарение на подвизите со оваа непрофитна организација, Ријана беше прогласена за „Хуманитарец на годината“ во 2017-та од страна на Фондацијата на Харвард.
Одби да настапува на полувремето на Super Bowl во знак на солидарност
Ријана одби да настапува на полувремето на Super Bowl во 2019-та поради рагбистот Колин Каперник. На натпревар во 2016-та, во знак на протест против полициската бруталност кон луѓето со темна кожа во САД, Колин одби да стане додека се пееше американската химна.
Поради ова, тој доби забрана да игра на Super Bowl, а Ријана, сметајќи дека тоа е неправда кон луѓето со темна кожа, одби да настапува на полувремето во 2019-та.
Го организираше Diamond Ball
Diamond Ball e годишен настан кој се одржува од 2014-та, а е организиран од Ријана, преку фондацијата CLF. На настанот присуствуваат некои од најбогатите ѕвезди, а целта е да се соберат пари наменети за борбата против климатските промени. Дел од парите се донираат и во родната држава на пејачката.
Донираше 100.000 долари после ураганот Сенди
Во 2012-та, ураганот Сенди, еден од најдеструктивните за таа година, направи пустош на Карибите, предизвикувајќи штета од над 100 милиони долари.
Многу луѓе останаа без домови, а имаше и жртви. Тогаш пејачката донираше 100.000 долари, со кои се обезбеди храна за луѓето кои изгубија речиси сè.