„Ќе го победи ракот!“ – Џесика Алба танцува со татко ѝ пред неговата прва радиотерапија (видео)
- Детали
- понеделник, 08 февруари 2021
Џесика Алба откри дека татко ѝ има рак на тироидната жлезда, но убедена е дека ќе го победи, а по тој повод објави и видео на кое танцува заедно со него за да влее доза позитива.
Додека повеќето ѕвезди од САД се фокусираа на Super Bowl во неделата, Џесика Алба ја помина вечерта со татко ѝ, а објави и забавно видео на TikTok на кое танцуваат заедно.
Во објавата, актерката сподели непријатна вест - татко ѝ е дијагностициран со рак на тироидната жлезда. Но, очигледно и двајцата не дозволуваат лошите вести да влијаат на нивното расположение и се обидуваат да влеат доза позитива во целата ситуација.
„Пред радијација – тато ќе го победи ракот на тироидната жлезда. Утре почнува со терапијата со радијација“, пишува во описот.
Во видеото кое е објавено и на Инстаграм, актерката и татко ѝ танцуваат синхронизирано, покажувајќи му на светот дека и во најлошите моменти, можете да бидете среќни ако сте опкружени со луѓе кои ве сакаат.
Во коментарите, пак, фановите се восхитуваат на нивната позитивна енергија и им праќаат желби и пораки за брзо закрепнување.
Пред да го објави видеото, актерката беше забележана во Беверли Хилс со сопругот Кеш Ворен и нивните две деца.
Спирова С. | Црнобело