Цеца Ражнатовиќ (47) во врска со 9 години помладо момче – кој е Богдан Срејовиќ?

Фатени за рака во ресторан, заедно на зимување... Цеца на големи врати ја откри врската со 38-годишниот Богдан, чија поранешна сопруга е во врска со пејачот Саша Ковачевиќ.

ceca-razhnatovikj-47-vo-vrska-so-9-godini-pomlado-momche-koj-e-bogdan-srejovikj-01.jpgФото (средина): Инстаграм Hello magazin Srbija

Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) веќе извесен период е во врска со 38-годишниот Богдан Срејовиќ кој живее во Белград, а потекнува од Крагуевац.

Според пишувањата на српските медиуми тие се запознале на роденден кај пријателка на пејачката, а по неколку седмици дружење започнале емотивна врска.

Од Нова Година наваму парот започна јавно да се појавува заедно, а во медиумите постојано осамнуваат фотографии од нив. Од белградски ресторани до зимување на Јахорина, парот постојано е заедно.

Богдан веќе долги години е успешен во својот бизнис на поле угостителство, зад себе има еден брак, од кој ја има ќеркичката Искра. Всушност, неговата поранешна сопруга Зорана Тасовац сега е во врска со пејачот Саша Ковачевиќ.

Зорана и Богдан се развеле пред 5 години, а убавата бринета веќе 3 години е во врска со Саша.  

Богдан минува многу време со својата ќеркичка Искра, а доказ за тоа се и фотографиите што ги објавува на Инстаграм.

Повеќе заеднички фотографии од Цеца и Богдан на српските медиуми погледнете ТУКА.

Фотки од Богдан на Инстаграм:

На следната страна Инстаграм фотки од Цеца...



Би можело да ве интересира:

Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg