Славни личности кои драстично си го променија изгледот во последната деценија
- Детали
- вторник, 12 јануари 2021
Адел, Кајли Џенер, Џастин Бибер - некои славни личности направија огромни промени во изгледот изминативе 10 години.
2011-та можеби не ни изгледа така далечна, но оттогаш помина дури цела деценија. А, во текот на 10 години можат да се променат многу нешта.
Најпопуларните личности на планетата постојано се присутни во медиумите и на социјалните мрежи, па обично не ја забележуваме промената во нивниот изглед. Сепак, кога ќе погледнете нова и фотографија од пред 10 години, нивната трансформација станува повеќе од очигледна.
Некои славни, како Џастин Бибер или Кендал Џенер, беа само деца пред една деценија, па не е ни чудно што денес изгледаат сосема поразлично. Некои, пак, како Адел, направија огромни промени во животните навики, па денес изгледаат подобро од кога било.