Дали Меланија Трамп го направи првото модно промашување (фото)?
- Детали
- понеделник, 04 јануари 2021
Секогаш носи аутфити кои ја следат линијата на нејзиното тело и елегантни чевли, а овојпат ја гледаме во сосема поинакво издание – дали е модно промашување или само не сме навикнати на овој стил?
Меланија Трамп е една од најубаво средените први дами во светот, која секогаш зрачи со елеганција и гламур.
Таа умее да ја покаже нејзината витка фигура, а истовремено секогаш да изгледа отмено и средено од глава до пети.
На последниот ден од 2020-та многумина се согласија дека Меланија направи едно од ретките модни промашувања.
На враќањето во Белата куќа по празничниот одмор, Меланија беше облечена во капут со прекумерна големина, кој не ја следи линијата на нејзиното тело, а наместо препознатливите високи штикли, таа носеше широки чизми без потпетица.
Многумина ќе се согласат дека за неа ова е модно промашување, додека пак други велат дека конечно е облечена како „обичен човек“ во секојдневието.
Што мислите вие за овој стајлинг?
На заминувањето од Белата куќа за божиќниот одмор, таа изгледаше вака:
М. М. | Црнобело