„Јас сум актерка со лице „изедено“ од акни“- исповед на сексапилната Матилда де Ангелис од серијата Undoing

Сигурно и вам ви остави впечаток љубовницата од серијата Undoing. Таа е брутално секси и на ТВ екраните изгледа беспрекорно, но сега отворено проговори за несигурностите.

jas-sum-akterka-so-lice-izedeno-od-akni-ispoved-na-seksapilnata-matilda-de-angelis-od-serijata-undoing-01.jpg

Матилда де Ангелис (25) е една од најжешките нови актерки. Таа остави впечаток со појавувањето во хит серијата Undoing, каде ја имаше улогата на Елена Алвес, љубовница која беше брутално убиена.

Но, италијанската убавица и покрај тоа што изгледа совршено на ТВ екраните, откри дека во секојдневието има мака со акните на лицето.

jas-sum-akterka-so-lice-izedeno-od-akni-ispoved-na-seksapilnata-matilda-de-angelis-od-serijata-undoing-03.jpg

На нејзиниот Инстаграм профил таа напиша:

„Постојат работи кои не можат да бидат контролирани и оваа година нѐ научи добро. Постојат промени кои мораме да ги прифатиме, а со нив и перцепцијата на себе и на светот околу нас. Парадоксални работи се случуваат во животот, нели? Па, за мене, да бидам актерка и да работам со лице „изедено“ од акни е една од нив.

Секој ден мора да станам, да се презентирам себеси пред огледало и потоа пред камера со сиот тој емоционален товар. Морам да се концентрирам за да ги победам сите мои стравови и несигурностите околу кожата.

Постојат многу поголеми проблеми во животот и свесна сум за тоа, но сакав да ја споделам оваа мала вистина можеби за да се чувствувам посилна или да се прифатам себеси подобро“.

Матилда на ова додаде дека секој треба сам да избере како ќе се справи со стравовите во животот.

„Нашите стравови нѐ парализираат, но можат и да станат нашата најголема сила, на нас останува да изберееме и да бидеме благодарни за сите добри работи што ни се случуваат, а можеби дури и за лошите.“

View this post on Instagram

A post shared by Matilda De Angelis (@matildadeangelis)

Матилда моментално работи на снимањето на филмовите Across The River и Into The Trees.

Повеќе фотографии од Матилда:

https://www.instagram.com/p/CJDmBl2Bwvi/

https://www.instagram.com/p/CI72BejBsAO/

https://www.instagram.com/p/CIagCd5h8Jv/

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Акни, отворени пори, брчки – Лицата на најубавите познати дами одблизу (фото) Ирина Шајк, Рози Хантингтон-Вајтли, Моника Белучи... ниту една од нив не е соврш...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Мал телевизор, пластични полици во бањата: Скромниот дом на Дру Баримор е хит на ТикТок Иако има богатство од над 120 милиони долари, домот на Дру Баримор е релативно с...
Колку се променија актерите од серијата Lost, 20 години по премиерата? Освен Еванџелин Лили, повеќето актери од серијата Lost немаат завидна актерска к...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
„Најдобро чувана тајна во Холивуд“: Гал Гадот ја роди 4-тата ќерка, никој не знаеше дека е бремена (... Со фотка на Инстаграм, Гал Гадот откри дека добила уште една ќерка, а веста беше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg