Орландо Блум по грешка скршил шампањ - И славните имаат трема при запросување
- Детали
- сабота, 19 декември 2020
Орландо Блум скршил шише шампањ додека го вадел прстенот за Кети, Џорџ Клуни клечел половина час чекајќи одговор од Амал, а Канје Вест најмил цел стадион за да ја запроси Ким.
Венчавките на славните се огромни и гламурозни, па веројатно нормално е и запросувањата да бидат такви. Но, повеќето од нив сметаат дека ова е многу интимен момент, па многумина ги запросиле своите сакани на тивко и мирно место.
Се разбира, постојат и оние кои сакаат да привлечат многу внимание – како Канје Вест.
Во продолжение погледнете ги приказните за запросувањето на некои од најпознатите парови:
Џорџ и Амал Клуни
Актерот ја запросил Амал дома, откако направил романтична вечера, но и цела плејлиста со песни за тој момент. Кога Амал го видела прстенот, останала без збор скоро половина час. Во интервју за CBS актерот ја сподели приказната, на шега изјавувајќи:
„Тогаш имав 53 години и ѝ реков ’Клечам веќе 28 минути и мора да ми одговориш побрзо бидејќи ќе си го изместам колкот. Можеби нема да можам да станам“.
За среќа, Амал се согласи, и парот се венчаше во Венеција во 2014.
Метју Меконахи и Камила Алвес
Во едно интервју, актерот откри што се случувало кога ја запросил Камила, со која денес има и три деца:
„Беше некаде околу Божиќ и отворавме подароци. Го ставив вереничкиот прстен во осум кутии, за Камила да мора да се помачи. Бидејќи бевме повеќе луѓе и ги отворавме подароците еден по еден, Камила ја прескокнавме 15 пати дури да го отвори подарокот.
Кога ме праша зошто не може да го отвори подарокот, ѝ реков дека треба да чека до крај. На крај, застанав до неа, го собрав семејството, клекнав на едно колено и реков: ’Дали ќе се омажиш за мене?‘“.
Актерот вели дека Камила размислувала неколку минути, но на крај се согласила, па тие се венчаа во јуни 2012.
Криси Тајген и Џон Леџенд
Кога Џон сакал да ја запроси Криси, ништо не му одело по план. Парот бил на одмор на Малдивите и најпрво имале проблеми со обезбедувањето – бидејќи му го отвориле куферот на Џон каде што стоел прстенот, за малку ќе му го уништеле изненадувањето.
Кога се качиле во авионот, пак, тие почнале да се расправаат за нешто.
Кога конечно дошол моментот за запросување, Криси била преморена и со лошо расположение. Но, кога Џон го извадил прстенот и Криси сфатила што се случува, веднаш се расположила и прифатила.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Канје навистина се потрудил да ја импресионира Ким со запросувањето. Тој ја запроси среде стадион во Сан Франциско, додека цел оркестар ја свирел „Young and Beautiful“ од Лана Дел Реј. Канје организирал и огномети, а на огромните екрани на стадионот беа испишани зборовите „Те молам омажи се за мене“.
Од целиот настан има и снимка која беше прикажана на Keeping Up With the Kardashians.
https://www.youtube.com/watch?v=ywHePmJSVuU&feature=emb_logo