Како изгледаше Донатела Версаче пред да си го промени личниот опис со пластични операции? (фото)
- Детали
- петок, 11 декември 2020
Таа е еден од најдобрите светски модни дизајнери. Со витка линија, секогаш совршено дотерана.
За 65-годишната Донатела Версаче, кружат бројни гласини дека таа си го има уништено лицето и изгледот со пластичните операции.
Италијанката со години е на врвот на листата на славни жени кои го промениле ликот со естетски корекции и за жал, на не толку добар начин.
Изобличени усни, очигледна и претерана употреба на ботокс, завидна количина на хијалурон на образите и брчките околу усните – сето ова прави Донатела да биде далеку од жената која беше на почетокот на 90-тите години.
Препознатлива е по нејзиниот бурен темперамент и специфичен изглед – темен тен, а долга руса коса, тенки веѓи и полни усни кои ја правеа да биде егзотична и сензуална во комбинација со нејзиниот ексцентричен стил.
За жал, овој нејзини имиџ се менува на почетокот на 2000-та година, кога Донатела почна да станува симбол на лоша естетска хирургија.
Таа признава дека е зависна од пластични операции и дека не мисли дека природниот изглед е нешто добро, а открива и дека речиси две децении била зависна од кокаин.
Овие две погубни навики биле доволни за таа денес да не изгледа свежо и здраво, иако е фанатик на вежбање и здрава исхрана.