Бруклин Бекам и Никола Пелц потпишале предбрачен договор - нема да си остават ништо
- Детали
- среда, 09 декември 2020
Иако Бруклин Бекам и Никола Пелц изгледаат позаљубени од кога било и сигурно не размислуваат за разделба, младиот пар сепак потпишал предбрачен договор со кој ќе го заштитат богатството на нивните семејства.
Според светските медиуми, наводно Бруклин и Никола потпишале предбрачен договор во кој се согласуваат дека во случај на развод, нема да си остават ништо еден на друг – ниту пари, ниту недвижнини, ниту што било друго.
Родителите на Бруклин, Викторија и Дејвид Бекам, се познати и нивното богатство се проценува на околу 335 милиони долари. Родителите на Никола, од друга страна, се многу побогати – таткото на Никола „тежи“ околу 1,1 милијарда долари.
Според изворите, предбрачните договори биле сосем нормална работа во семејството на Никола и сите членови кои се во брак имале потпишано.
„Одлуката на Бруклин и Никола за договорот беше заедничка. Тој има искуства со девојки кои само сакале да го добијат неговото презиме, па сите се среќни што Никола вистински го сака. И нормално, нејзе не ѝ се потребни неговите пари – таa си има своја успешна кариера.
Нема ништо комплицирано. Генерално, во случај да се разделат, и двајцата ќе го напуштат бракот со она што го почнале, односно нема да си даваат ништо. Овде спаѓаат и недвижнини, и пари“, изјавил извор близок до парот.
Откако ја потврдија врската во јануари годинава, Никола и Бруклин се неразделни. Само пет месеци подоцна, тие најавија и дека ќе се венчаат.
Првично парот планираше да ја направи венчавката во септември следната година, но сега ја одложиja за 2022.
„Најпрво им соопштија на блиските пријатели дека ќе се венчаат во септември 2021. Неделава, Бруклин изјави дека ќе ја одложат, бидејќи уште е многу ризично. Не сакаат подоцна да мораат пак да одложуваат, ниту, пак, да го ограничуваат бројот на гости“, споделуваат изворите.
За венчавката се знаат малку детали, но сигурно е дека Викторија Бекам ќе ја дизајнира венчаницата на Никола.
Спирова С. | Црнобело