Драма кралица со нов имиџ – Ријана затвори цел ресторан за сама да ужива во вечера со фризерот
- Детали
- петок, 20 ноември 2020
Освен што ја покажа новата фризура за која од многумина доби критики, Ријана покажа и дека е вистинска драма кралица, па отиде во ресторан затворен за други гости за сама да ужива во времето поминато со нејзиниот фризер.
Ријана, која до неодамна имаше долга коса исплетена во плетенки, сега драстично ја променила фризурата, но на многумина не им се допаѓа нејзиниот нов изглед.
Ријана беше на вечера во италијански ресторан во Лос Анџелес, со нејзиниот фризер Јусеф Вилијамс.
32-годишната пејачка ја покажа и новата фризура што ѝ ја направил Јусеф, позната како „mullet“. Сега косата на Ријана е долга одзади, а напред е кратка и има шишки.
За повеќето оваа фризура изгледа смешно, но ѕвездите како Мајли Сајрус и Ријана, изгледа ќе ја направат тренд. Ријана имаше слична фризура во 2013-та година, што ја покажа на модната недела во Њујорк.
Ријана и фризерот беа на приватна вечера во ресторанот - таа вечер ресторанот бил затворен за други гости.
Истовремено, ниту пејачката ниту нејзиниот фризер не носеа маски, иако во Лос Анџелес маските се задолжителни и на отворено. Дури и кога луѓето одат во ресторан, мораат постојано да ги носат маските освен ако не јадат.
За вечерата Ријана носеше црна маица со лого од бендот Pantera, широки бели панталони со зелен дезен и штикли на врзување. Комбинацијата ја дополнила со сребрен накит, црвен кармин и очила за сонце.
Нејзиниот фризер, пак, носеше црни панталони и маица, и мантил со леопард принт.
Ријана направи подолга пауза од музиката и се фокусираше на нејзиниот бренд Fenti. Сепак, во февруари годинава најави дека се вратила во студиото и работи на нов проект во Фарел Вилијамс.
Ријана со новата фризура во Лос Анџелес:
Спирова С. | Црнобело