Вера Ванг не старее и во осмата деценија од животот: „Клучен е добриот сон и вотка“ (фото)
- Детали
- среда, 25 ноември 2020
Името на Вера Ванг најчесто го поврзуваме со венчаници од соништата или фустани креирани за познатите личности. Но, познатата дизајнерка очигледно го има откриено еликсирот на младоста.
Нејзиниот изглед е запрепастувачки добар во однос на возраста. 73-годишната дизајнерка има затегнати раце, нозе и стомачни мускули како тинејџерка и изгледа 50-тина години помладо.
„Бев целосно шокирана. Да бидам искрена, целта на таа фотографија беше да го покажам накитот што го имав во мојата коса. И тој додаток за коса не беше прикажан добро на фотките. Затоа, објавивме фотографија од мојата коса со тој накит. И факт е дека сите го коментираа моето тело. Тоа е чиста лудост“.
„Јас сум жената која ги облекува другите и ги става на прво место. Јас сум моден дизајнер. И јас ги облеков едни од најневеројатните жени во последните 30 години. Тие имаат освоено Оскари, Златни глобуси и Еми награди во моите фустани. И затоа сум секогаш онаа која им го поправа фустанот или им ја отвора вратата на Мет Галата“.
„Секогаш се сметав себеси за креатор, а не за топ тема. Затоа беше шокантно што луѓето толку многу го коментираа мојот изглед. Не можам да лажам“, изјави Вера.
На прашањето која е нејзината тајна што изгледа како тинејџерка во седумдесеттите години од животот, Вера одговара:
„Би рекла дека имам спорадични рутини. Спорадично е совршениот збор. Мислам, јас бев спортист во мојата младост. Бев натпреварувач во уметничко лизгање во САД и балетска танчарка. Мислам, кога поминуваш 16 години од животот активно играјќи го овој спорт, тоа остава резултати. Тоа е она што вашите мускули го паметат“.
Модната дизајнерка тврди дека за време на карантинот наоѓала време да вежба и да се посвети на спиење и одмор.
„Спиењето е клучно за преживување. Мислам дека не би можела да функционирам без добро да се наспијам. Јас секогаш морам добро да се одморам, мислам дека тоа е клучот за сè. Значи, спиењето е многу важен дел, но и вотката. Мислам дека одморот подразбира дека можеш убаво да се опуштиш со коктел. Не мислам дека треба да пиеш во 10 часот наутро, но мислам дека секој треба да пие коктел со вотка пред вечера и така да направи пауза“.
(О)Милена | Црнобело