„Љубовта на мојот живот закрепнува“: Десетина дена по царскиот рез партнерката на Џанлука Ваки танцува со него (видео)
- Детали
- вторник, 10 ноември 2020
Раѓањето на нивната ќерка не значи дека забавата сопира, италијанскиот милијардер продолжува да го живее животот танцувајќи, дури и додека неговата сопруга уште закрепнува од царски рез.
Џанлука Ваки и Шерон Фонсека го објавија првото заедничко танцувачко видео по доаѓањето на свет на нивната ќерка Блу Јерузалема Ваки.
Шерон пред десетина дена се породи со царски рез и на својот Инстаграм профил се пожали дека цела седмица не соблекла пижами, но новото видео е доказ дека таа се чувствува подобро.
„Љубовта на мојот живот речиси закрепна... Те сакам моја кралице“, напиша Џанлука во описот на видеото.
Изгледа забавата за овој пар никогаш не сопира:
С. С. | Црнобело