Џејсон Момоа повторно во розово покажува дека е еден од најголемите фраери во Холивуд (фото)
- Детали
- вторник, 10 ноември 2020
И додека некои мажи се скептични околу носењето розова боја, тој се облекува во розово од глава до петици и изгледа неодоливо мажествено.
На Оскарите 2019 крена прашина кога се појави во розово одело, а сега Џејсон Момоа повторно ја избра оваа боја за својот стајлинг.
И додека некои мажи се скептични околу носењето розово, Момоа не се двоуми да ја вметне оваа боја во своите секојдневни стајлинзи и притоа да ја износи одлично.
Тој во вакво издание беше фотографиран како го вози својот мотор Harley-Davidson низ Торонто, Канада.
Момоа периодов работи на снимањето на втората сезона од серијата „See“.
41-годишниот актеер уживаше во возењето и во паузата за бургер со пријателите: