Синот ѝ починал на 23 години, живее во Италија со господинот „Совршен“: Најсензуалната баба на светот потекнува од Србија
- Детали
- петок, 06 ноември 2020
Таа на шега се нарекува „баба што сака мода“, а на секоја фотографија во знак на сеќавање на својот починат син го става хаштагот #rememberstefan. Оваа прекрасна Србинка живее во село во Тоскана.
Жаклина Беридо Писано е родена во Србија, a живее во Италија со нејзиниот господин „Совршен“, како што сака да каже самата. Пред 2 месеци ја прослави првата годишнина од бракот со него.
Жаклина има 52 години, а изгледа неверојатно. Има две внуки и вели дека тоа што е баба ја прави најгорда на свет.
Медиумите неретко пишуваат за неа и ѝ ја даваат титулата најсензуалната баба на светот.
Таа има 563.000 следбеници на Инстаграм, каде постојано прикачува фотки од нејзините совршени модни избори, а во последно време и од одличниот стил за уредување на ентериер.
Живее во село во Тоскана во прекрасна вила со базен, која ја уредува во винтиџ стил. Претходно има живеено во Белград, Париз, Болоња и низа други големи градови, но вели дека почнала да чувствува дека не може да дише затворена во стан и сака секое утро и ноќ да ја слуша песната на птиците.
Вели дека многу од работите при реновирањето ги прави сама, а објави и неколку фотки од процесот:
За жал, прекрасната Писано го има изгубено својот син Стефан на само 23-годишна возраст во сообраќајна незгода.
Во едно видео таа отворено говори за себе и својот живот:
https://www.youtube.com/watch?v=xkkeXCNlWEI&app=desktop
Фотки од најсензуалната баба на светот: