Што облече Меланија Трамп за гласање + модниот погодок на Иванка Трамп пред гласањето (фото)
- Детали
- среда, 04 ноември 2020
Меланија и Иванка Трамп како постојано да се во некој дуел, сопругата и ќерката на Доналд како да се натпреваруваат дури и на модно поле.
Меланија Трамп во елегантен Gucci фустан гласаше на претседателските избори 2020.
50-годишната прва дама на САД му даваше поддршка на својот 74-годишен сопруг во текот на целата кампања.
Стајлингот за гласањето беше уште еден во нејзината низа на модни погодоци.
Инаку, и ќерката на Доналд, Иванка Трамп, му беше огромна поддршка во текот на маратонската кампања и постојано беше крај него.
Пред почетокот на предизборниот молк таа со црвен фустан направи моден погодок и покажа дека има подеднакво префинет вкус како и Meланија.
Фотки од Меланија и Иванка Трамп:
С. С. | Црнобело