Чудниот стил на колумнистката на Vogue што ја критикува Меланија Трамп за модните избори (фото)
- Детали
- понеделник, 02 ноември 2020
Социјалните мрежи се преполни со фотки од колумнистката на Vogue и луѓето ја осудуваат што жена со таков моден стил си дала за право да ја коментира модната икона Меланија Трамп.
На социјалните мрежи кружат фотографии од Лин Јегер со опис дека жена со необичен моден стил собрала храброст да ја коментира Меланија Трамп, која важи за модна икона.
Лин работи како колумнистка во Vogue и има специфичен моден стил. Од шминка до стајлинг, на неа сѐ е уникатно.
Има чудна фризура, со црно моливче ја исцртува устата и прави крукчиња на образите со руменило. Многумина го проценија нејзиниот моден вкус како лош и сметаат дека таа е некомпетентна за да ги коментира беспрекорните изданија на Меланија.
Сепак, станува збор за тоа што Лин во една пригода ја критикуваше Меланија кога отпатува во Тексас по разорниот ураган што се случи таму и прокоментира дека е несоодветно што се облекла со високи потпетици како да ќе оди на шопинг или вечера во некој префинет ресторан, со што многумина и се сложуваат.
Kритиката од Лин за Меланија на електронското издание на Vogue прочитајте ја ТУКА.
Оттогаш фотките од Лин постојано кружат на социјалните мрежи со опис „кој нашол да ја коментира Меланија“, иако нејзините коментари се заради несоодветното облекување на првата дама за одредени настани, со што многумина и се сложуваат.
Споредбите на интернет: