Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ева Нединковска ѝ го прослави 4-от роденден на ќеркичката во домашна атмосфера (фото)

„Роденденското изненадување ѝ го спремав со ќеиф, 2-3 дена, баш онолку колку што таа се спремаше да дојде на свет и ме спремаше мене за неопислива среќа“, напиша Ева на својот Фејсбук профил.

eva-nedinkovska-i-go-proslavi-4-ot-rodenden-na-kjerkichkata-vo-domashna-atmosfera-foto-01.jpg

Ева Нединковска, некогашна пејачка, а денешна сопственичка на Центарот за обука Ева, на 1-ви ноември го прослави 4-от роденден на својата ќеркичка.

Таа во домашна атмосфера со торта со Снежана, златни балони, мафини ѝ приреди изненадување на малата Ена во кругот на најблиските.

Ева на својот Фејсбук профил напиша:

„Ова е најважниот за мене ден, на Ена роденден! Има многу среќа во намерата некого да направиш среќен. Таа мене, јас неа. Роденденското изненадување ѝ го спремав со ќеиф, 2-3 дена, баш онолку колку што таа се спремаше да дојде на свет и ме спремаше мене за неопислива среќа.

1-ви ноември 2016, во 1 и 16 попладне, чудесно го поздрави светот. Претходно времето тмурно, а потоа изгреа светло сонце. Нејзиното сонце, моето сонце и сонцето на многу други. Затоа, темата овојпат ѝ е „љубов во жолто“.

Бидејќи сме умни и совесни, другарчињата ќе ги почестиме на отворено, во градинка и на хип-хоп, понеделнички. Но дома ќе имаме забава со Снежана, џуџињата, Џивџи, баба, вујче и многу музика и подароци, а роденден отвара мечето Теди и не е со празни раце.

По објавувањето на фотките од прославата Ева додаде:

„Некои матни, ама сите ни се златни. И сликнати со љубов. Анатомија на радоста. Не мора да ја студираш за да ја разбереш и владееш со срце.

Среќен 4-ти роденден, најмила Ена! Обдарена со здравје, нагиздена со насмевки и опкружена со убост да си! Слободна да огреваш и безгрижна да вирееш!“

Потсетување на музичката кариера на Ева:

Фотки од роденденот:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Мендез се откажа од кариерата за да биде домаќинка: „Среќна сум што имам можност да бидам со дец... „Не глумев затоа што глумењето те оддалечува од домот“ – Ева Мендез открива зошт...
Криси Тајген по гаќи, Ева Мендез со нов филер на усните – Славните на Олимписки игри 2024 (фото) Том Круз сам следеше неколку натпревари, додека Ева Мендез и Рајан Гослинг беа с...
Ева Лонгорија (49) избега од гламурот – згодна и покрај целулитот, ужива на плажа во Шпанија со семе... Ева изгледа одлично на прагот на шестата деценија и има фигура на која може да ѝ...
Крвта не е вода: Порасна ќерката на Алесандра Амбросио – позира во бикини со мама на Хаваи (фото) Малечкото девојче порасна во прекрасна тинејџерка која е на прагот на 16-ти роде...
Дејвид Бекам е неодолив заводник на Вимблдон, дури и со седа и проретчена коса (фото) На 49 години, Дејвид Бекам е уште центар на внимание кога ќе се појави на Вимблд...
Ева Лонгорија со синчето на гала настан во Париз - танцуваат и се забавуваат на црвениот тепих (фото... Некогашната „очајна домаќинка“, Ева Лонгорија, блескаше на гала настан во Париз,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg