Цел живот во сенка на Бритни, бремена на 16 години: Која е Џејми Лин Спирс, сестрата на Бритни?
- Детали
- петок, 30 октомври 2020
Секогаш е во втор план како сестра на Бритни, но тоа не ѝ пречи да работи на своите соништа и да гради актерска кариера.
Џејми Лин Спирс има 29 години и гради актерска кариера. Таа ѝ е најголемата поддршка на Бритни, низ сите проблеми со менталното здравје во текот на годините.
Неодамна за својата славна сестра проговори во шоуто „Good Morning America“ каде вели дека ова тешко време на пандемија го искористила за да му се посвети на семејството.
Таа вели дека нејзината сестра се обидува да остане позитивна и покрај сѐ.
Џејми има 2 ќерки, една 12-годишна и една 2-годишна, a во брак е со Џејми Вотсон.
Во 2007 година Бритни си ја избричи главата и тоа беше трагичен почеток на битката кога го изгуби старателството над децата. Потоа за неа се грижеше нејзиниот татко, но таа сега води судска борба со него за му ги одзеде правата, а Џејми ѝ е поддршка во текот на целиот процес.
Бритни и Џејми пораснале во сиромаштија и семејството отсекогаш гледало спас во Бритни која почнала да покажува талент уште како дете.
Џејми цел живот е во сенка на Бритни, стекна некоја слава со улогата во шоуто Zoey 101 и филмот Crossroads, но насловите беа посветени на неа кога забремени на 16 години.
Тогаш се повлече и го одгледуваше своето дете на страна од папараците. Но, по две години се раздели од таткото на нејзината ќерка и се пресели во Нешвил за да ги следи своите соништа и да гради кариера.
Потоа таа го сретна Џејми Вотсон, се омажи за него и во 2018 година доби ќерка со него.
Фотки од Џејми:
С. С. | Црнобело