Одбивен ѝ е, имаат чуден брак: Мрачни детали за односот на Меланија и Доналд Трамп
- Детали
- сабота, 31 октомври 2020
Омароса вели дека се гледа како Меланија не го поднесува Трамп кога ја повлекува раката од него на јавни настани.
Поранешната соработничка на Доналд Трамп, Омароса Манигулт Њуман, открива детали за односот на претседателот на САД и првата дама Меланија Трамп.
Таа вели дека често пати јасно се гледало дека на Меланија ѝ е одбивен Трамп.
Омароса ја напиша книгата „Unhinged“ за која вели дека Доналд се обидел да сопре да биде објавена.
Таа го знае парот 17 години и вели дека имаат многу чуден брак. Тврди дека само во ретки пригоди тие си се „допаѓаат“ еден на друг.
Омароса додава дека се гледа како Меланија не го поднесува Трамп кога ја повлекува раката од него на јавни настани.
И експертите за говор на тело тврдат дека ова е чуден брак.
„Ова е брак на две спротивности. Доминантен маж кој сака слава и резервирана жена убавица“, изјави експертот за говор на тело Никол Мур во една пригода.
Меланија и Доналд започнале да се состануваат во 1988 година, а се венчале во 2005 година и на почетокот се гледало дека Меланија е среќна што го запознала Трамп и дефинитивно го сакала. Никол вели дека во тогашните интервјуа се гледа како на Меланија ѝ блескало лицето кога зборувала за тоа како се сретнала со Доналд.
Но, улогата претседател на САД на Доналд очигледно не ѝ се допаднала на Меланија и иако на јавни појавувања тврди дека го поддржува, таа не му се доближува на својот сопруг.
Таа е крута и се труди да ја направи вистинската работа, но не го гледа Доналд во очи и не му се насмевнува. Очигледно љубовта избледела откако тој станал претседател, вели Никол.
Но, од друга страна Доналд сѐ уште има чувства за Меланија. Тој гледа да е поблиску до неа и сака да споделува моменти со неа, е смее искрено и се обидува да ја допре, едноставно сака да биде близок со неа, тврди Никол.
Таа додава дека во овој брак тој е лидерот и изгледа дека Меланија се согласува со тоа, но веќе ѝ е преку глава од сѐ.
С. С. | Црнобело