Џанлука Ваки (53) и Шерон Фонсека (25) станаа родители – одбраа уникатно име за ќеркичката
- Детали
- среда, 28 октомври 2020
Бебето навистина им пристигна танцувајќи, со оглед на тоа што танцуваа мигови пред породување, а сега парот објави фотка со ќеркичката која доби уникатно име.
Џанлука Ваки и неговата 28 години помлада девојка, Шерон Фонсека беа вистинска инспирација за сите парови кои очекуваат бебе.
Тие зрачеа со енергија и секој миг го поминуваа во танцување, дури и мигови пред Шерон да се породи.
На 27-ми октомври тие ја добија нивната ќеркичка, на која ѝ го дадоа името Блу Јерузалема Ваки.
53-годишниот милионер објави фотка од неговата сакана и рачето на нивната новородена ќеркичка и напиша:
„Таа е со нас... Шерон и јас сме среќни што може да соопштиме дека утрово, нашата ќерка Блу Јерузалема Ваки се роди. Му благодарам на Бога што таа е здрава, а ние веќе ја сакаме повеќе од нашите животи.“
Истата фотка ја објави и Шерон со опис:
„Пристигна нашата ќерка. Не можам да го опишам со зборови чувството и емоциите кои ги имаме. Благодарни сме и благословени. Добредојде на светот Блу Јерузалема Ваки. Те сакаме повеќе од животите.“
28-годишната мајка подоцна објави и видео на Instagram Story како новопечениот татко си игра со ќеркичката.
М. М. | Црнобело