Во младоста иста како ќерка ѝ, сега „навлечена“ на пластични операции: Еволуција на Мадона во текот на кариерата
- Детали
- среда, 28 октомври 2020
Кога Мадона се прослави на почетокот од 80-тите, сигурно никој не ни претпоставувал каква блескава кариера ја очекува. Сега, цели четири децении подоцна, Мадона сè уште е активна на музичката сцена и дефинитивно е во центарот на вниманието.
Со толку долга кариера, нормално е што Мадона експериментираше не само со музичките стилови, туку и со нејзиниот изглед.
Во продолжение, пак, можете да погледнете колку се промени музичката ѕвезда последниве 40-тина години:
Мадона во 1982
Кога ќе ги погледнете фотографиите од овој период, веднаш ќе сфатите колку Лурдес, нејзината ќерка, личи на неа.
Мадона се прослави на почетокот од 80-тите, а првиот студиски албум, насловен Madonna, го издаде во 1983.
До 1985 таа беше светски позната ѕвезда
Само неколку години подоцна, целиот свет знаеше која е Мадона. Во 1984 таа го издаде албумот Like a Virgin, а во 1986 – True Blue.
Тој период Мадона почна да важи и за модна икона, а нејзиното влијание се чувствува и денес. Еден од најпознатите детали во нејзиниот изглед беа русата коса и црвените усни.
Во 1990 го издаде хитот Vogue
Vogue е еден од најголемите хитови на Мадона – песната ги освои топ-листите во над 30 држави, а беа продадени повеќе од 6 милион копии.
Со песната и нејзиниот спот, Мадона покажа дека не се плаши да пробува нови нешта.
Улога во мјузиклот Evita
Покрај музичката кариера, Мадона заплива и во актерските води. Во 1996-та таа се појави во мјузиклот Evita, кој е направен според животот на поранешната прва дама на Аргентина – Ева Перон.
Изведбата на Мадона беше толку добра, што таа си заработи и Златен глобус.
Соработка со уште еден филмски проект
Во 1999-та, Мадона ја објави Beautiful Stranger, како дел од саундтракот за филмот Austin Powers: The Spy Who Shagged Me. Во спотот за песната се појавува и Мајк Мајерс, кој го глуми главниот лик.
Оваа песна ѝ донесе Греми награда на Мадона.