Во младоста иста како ќерка ѝ, сега „навлечена“ на пластични операции: Еволуција на Мадона во текот на кариерата
Настап со Бритни и Кристина Агилера на MTV VMA 2003
Настапот на Мадона, Бритни и Агилера е еден од најзборуваните. Едно од нештата што привлече најмногу внимание беше бакнежот на Бритни и Кристина додека ја изведуваа Hollywood.
10-ти студиски албум и хитот Hung Up
Во 2005 Мадона го издаде 10-иот студиски албум, Confessions on a Dance Floor, а Hung Up стана светски хит.
Благодарение на албумот, Мадона освои многу награди, вклучувајќи и уште една Греми статуетка.
Настапот на Super Bowl во 2012
Како и што се очекуваше, настапот на полувремето на Super Bowl беше спектакуларен.
Мадона изведе некои од најголемите хитови, како Vogue, Music и Like a Prayer. Тогаш пејачката имаше 53 години, но со енергичниот настап ги остави сите без зборови.
Турнејата во 2019
Во септември минатата година, Мадона ја почна турнејата Madame X, како дел од промоцијата на нејзиниот 14-ти албум. Во склоп на турнејата, таа требаше да одржи 75 концерти, но дел беа откажани поради пандемијата.
Без сомнение, после пандемијата, 62-годишната ѕвезда ќе продолжи со настапите.
За Мадона годините се само број
Како што напоменавме, периодов и Мадона паузира од настапи, но е доста активна на Instagram. Многумина негодуваат поради очигледните корекции на нејзиното лице, но нејзе не ѝ е грижа, a одново и одново докажува дека за неа годините се само број.
Спирова С. | Црнобело